Достапни линкови

Почна размената на затвореници во источна Украина


Илустрација.Украински затвореници од војната.


Украинските власти и сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина почнаа со размена на затвореници, објавија руските новински агенции.

Се очекува да бидата ослободени 87 сепаратисти и 55 украински војници.

Ова ќе биде втора голема размена на затвореници во источна Украина.

Идеата за размена на затвореници беше договорена на мировните преговори во Париз на 9 декември меѓу Украина, Русија, Франција и Германија - како чекор за завршување на 5-годишниот конфликт.

Претходно беа разменети 70 затвореници, што многумина го сметаа за напредок во напорите за ззавршување на војната во која загинаа повеќе од 13.000 луѓе

Русија инсистира на тоа дека не учествува во конфликтот, и покрај тоа што западните земји укажуваат дека има значајните докази меѓу кои комуникација со сепаратистичките лидери, и заробени руски војници во борбите.

XS
SM
MD
LG