Достапни линкови

Мицкоски: Имавме успешна средба со Ахмети


Али Ахмети

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека имале успешна средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети на која му го презентирал предлогот на неговата партија за министер за внатрешни работи.

" Станува збор за професионално решение" рече Мицкоски по средбата со Ахмети во Собранието.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека за нив е прифатливо кадровското решение на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи. Ахмети рече дека тој е докажан професионалец кој не е познат како политички активист во цивилниот живот.

Во врска пак со најавите на премиерот Заев за промена на изборниот модел, претседателот на ДУИ рече дека за нив е прифатливо да има промена, но разговорите за тоа ги остава по изборите.

По оваа средба, во зградата на Владата Мицкоски се состанува и премиерот Заев, за консултации за преодната Влада што треба да стартува од 3 јануари, на 100 дена пред одржувањето на предвремените парламентарни избори на 12 април следната година.

XS
SM
MD
LG