Достапни линкови

Владата го утврди текстот за ратификација на протоколот за НАТО


Владата на Република Северн Македонија

Владата денеска на 174 редовна седница го утврди текстот на Предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор потпишан во Вашингтон на 4 април 1949 година.

"Предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор на нашата земја со НАТО, ќе биде пуштен на усвојување во Собранието и се предвидува да стапи во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Северна Македонија, по што ќе биде
депониран во Вашингтон, откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот за пристапување на нашата земја во полноправно членство во Алијансата" соопшти владината прес-служба

Премиерот Зоран Заев деновиве изјави дека е можна условна ратификација на Протоколот за членство во НАТО.

"Доколку се одложи ратификацијата во Шпанија и тоа не е готово пред да се распушти македонското Собрание на 11 февруари, се остава можност да се направи условна ратификација" вели Заев.

Претходно пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ ,поднесе иницијатива за предвремена ратификација на протоколот за НАТО.

XS
SM
MD
LG