Достапни линкови

Помпео го обвини Иран за употреба на насилство и цензура


Државниот секретар на САД, Мајк Помпео

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, го критикуваше Иран за употреба на „насилство“ и нарушување на Интернет, наведувајќи дека тие биле приемнети за да спречи одавањето чест на загинатите лица во државните немири во ноември, предизвикани од покачувањето на цената на бензинот.

„Иранскиот народ има право да ги оплакува 1.500 те жртви убиени од страна на Ал Камениеи за време на иранските протести, објави Помпео на Твитер, директно обвинувајќи го Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Камнеи.

Според новинската агенција Илна, пристапот до Интернет бил прекинат на 25 декември во неколку ирански провинции пред одбележувата планирани на 26 декември. Наводно, неколку лица биле приведени на гробиштата во Карај, за време на обележувањето 40 дена од смртта на убиен демонстрант.

„Режимот се плаши од сопствените граѓани и повторно прибегна кон насилство и исклучување на Интернет“, објави Помпео на Твитер.

Соединетите држави претходно соопштија дека иранските власти можеби убиле повеќе од 1.000 луѓе во нападот во средината на ноември.

XS
SM
MD
LG