Достапни линкови

Дефект или грешка причина за авионската несреќата во Казахстан?


Илустрација. Авионска несреќа во Казахстан.

Во Казахстан надлежните институции првично ја разгледуваат можноста „технички дефект“ или пилотската грешка да се причина за падот на авионот „Бек Ер“ во кој вчера загинаа 12 од 98 патници и членови на екипажот.

Специјална владина комисија започна да спроведува истрага за несреќата, што се случи додека авионот „Фокер 100“ се обиде да полета од аеродромот во Алмати на рутата кон главниот град Нур-Султан. Сепак истрагата е во рана фаза и се уште не е утврдена ниту една причина.

Власите соопштија дека осум лица починале на местото на настанот, додека двајца починале на аеродромот и уште две во болницата. Пилотот загина во несреќата. Според последните информации 49 лица се хоспитализирани, од кои 18 во сериозна состојба.

Во Казахстан денеска е ден на жалост за жртвите од несреќата.

Според Министерството за индустрија и развој на инфраструктурата, авионот не бил во можност да стигне до значителна висина и се урнал во двокатна зграда.

XS
SM
MD
LG