Достапни линкови

Експлозија во Сомалија, 20 убиени, десетици повредени


Експлозија во Сомалија.

Во експлозија врз контролен пункт во главниот град на Сомалија, Могадишу, загинаа околу 20 лица, соопшти полицијата.

„Експлозијата беше катастрофална, повеќе од 20 цивили се убиени, има многу повредени, но бројот на жртви може да биде поголем“, рече полицискиот службеник Ибрахим Мохамед.

Говорејќи пред новинарите на местото на експлозијата, градоначалникот на Могадишу, Омар Мухамуд рече дека владата потврдила дека најмалку 90 цивили, претежно студенти, биле повредени во експлозијата.

Зсега никој директно не ја презеде одговорност за експлозијата. Ал-Шабаб поврзани со ал-Каида редовно спроведува вакви напади. Екстремистичката група беше избркана од Могадишу пред неколку години, но продолжува да цели на области со висок профил, како што се хотели во приморскиот град.

Сомалија е опфатена со граѓанска војна и длабока несигурност уште од 1991 година

XS
SM
MD
LG