Достапни линкови

Шекеринска - Не држи аргументот на ВМРО-ДПМНЕ за името на Армијата


Mинистерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави дека не држи аргументот на ВМРО-ДПМНЕ за името на Армијата во Законот за одбрана, оти како што вели пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ веќе има поддржано закони во кои стои уставното име на земјата.

ВМРО-ДПМНЕ е на став дека нема да го поддржи законот со барање името на армијата да остане Армија на Македонија, а не на Северна Македонија, како што предвидува законот. За да се донесе законот потребно е двотретинско мнозинство.

Министерката денеска присуствуваше на брифингот на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски со претседателот и врховен командант, Стево Пендаровски, за состојбата со борбената готовност на Армијата во изминатата година.

Претседателот Пендаровски рече дека името на Армијата како една од институциите во оваа земја е јасно определено после промената на Уставот. Тука, потенцира, нема простор за понатамошни дебати.

XS
SM
MD
LG