Достапни линкови

Собранието носи закони со примена од 1 јануари 2020 година


Собранието денеска изгласа закони од повеќе области, со што се потврдија вчерашните информации за постигнат договор меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата.

Се изгласаа 14 закони по скратена постапка и еден во редовна кои беа на 126. седница, а се од областа на финансиите, здравството и земјоделството. Потоа започна разгледувањето и гласањето за точките од 123. седница. Пратениците по паузата ќе гласаат за Законот за Данокот за личен доход, а на седницата беше прифатен и амандман на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Весна Пемова за законот за стечајците, односно тие да можат да достават пријава до 31 јануари 2020 во Заводот за вработување.

Претходно денеска координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и на СДСМ истакнаа Јован Митревски рекоа дека законите од 126. и 123. седница денеска ќе се гласаат и дека избори на 12 април ќе има.

XS
SM
MD
LG