Достапни линкови

Русија официјално ја оспори одлуката за суспензијата на спортистите


Шефот на руската агенција за борба против допинг, РУСАДА, Јури Ганус

Русија официјално се спротивстави на одлуката на Светската анти- допинг агенција (ВАДА), со која и се забрани на Русија да учествува на меѓународни спортски настани за наредните четири години. Руските власти доставиле официјален протест до ВАДА. Шефот на руската агенција за борба против допинг, РУСАДА, Јури Ганус денеска на новинарите им изјави дека донеле одлука да не се согласат со казните на ВАДА.

Руските власти велат дека сите документи што ги доставиле до ВАДА во врска со тестовите на дрога на спортистите се оригинални.

Светската агенција на почетокот од месецот ги суспендираше спортистите од Русија поради скандалот со допингување. Русија доби забрана да учествува на Олимпијада, Параолимпијада и Зимски игри следните четири години, откако ВАДА заклучи дека Москва манипулирала со лабораториските податоци на спортистите.

Обвинувањата за допинг ја следат Русија уште од Зимските олимписки игри во 2014 година во Сочи кога изби скандал дека руските натпреварувачи биле допингувани со цел да постигнат подобри резултати.

XS
SM
MD
LG