Достапни линкови

Во Иран се оддава почит на загинатите во протестите


Слики од убиен демонстрант

Семејствата и поддржувачите на дел од Иранците кои загинаа за време на антивладините немири во ноември, се собраа денеска на гробиштата во повеќе градови за да одбележат 40 дена од убиствата на демонстрантите. Денешните собири во повеќе градови во земјата се проследени со силен државен притисок, со апсења, со големо присуство на безбедносните сили и со прекин ан интернетот во неколку провинции.

Ројтерс на 23 декември, објави истражување повикувајќи се на неименувани официјални претставници на Министерството за внатрешни работи, според кое бројот на жртвите за време на протестите изнесува 1500 луѓе. Иранските власти пак ја отфрлаат бројката и велат дека е надувана.

Во извештајот на Ројтерс се вели дека врховниот лидер Али Каменеи им наредил на властите да „сторат сè што е потребно“ за да ги прекинат демонстрациите. Протестите уследија по зголемувањето на целата на бензинот.

XS
SM
MD
LG