Достапни линкови

Најмалку 12 луѓе загинаа во авионската несреќа во Казахстан


Делови од урнатиот авион.

Најмалку 12 луѓе загинаa при уривањето на казахстанскиот патнички авион, соопштија тамошните власти. Авионот кој превезувал 93 патници и пет членови на екипажот се урна по полетувањето од аеродромот во Алма Ата.

Властите соопштија дека 66 луѓе преживеале и се однесени во локалните болници. На болничко лекување се задржани 49 луѓе, од кои 18 се во сериозна состојба.

Казахстанскиот претседател Касим-Јомарт Токаев го прогласи 28 декември за национален ден на жалост за жртвите од несреќата.

XS
SM
MD
LG