Достапни линкови

Земјотрес во близина на иранската нуклеарка Бушер


нуклеарната централа Бушер

Земјотрес со сила од околу пет степени го погоди јужен Иран во близина на нуклеарната централа Бушер. Американскиот геолошки институт оценува дека станува збор за умерен потрес што значи дека би можело да предизвика значителни штети. Меѓутоа, иранските државни медиуми јавуваат дека немало никакви штети на нуклеарката и оти таа била проектирана за многу посилни земјотреси. Во 2003 година земјотрес ос сила од 6,6 степени го уништи историскиот град Бам, убивајќи околу 26.000 луѓе.

XS
SM
MD
LG