Достапни линкови

Кина, Иран и Русија ќе одржат заеднички поморски вежби


Ирански воен брод,

Кина, Иран и Русија ќе одржат заеднички поморски вежби во услови на тензии меѓу Техеран и Вашингтон. Воените вежби ќе се одржат во Индискиот Океан и Оманскиот Залив од 27 до 30 декември, соопштија властите во Пекинг и во Техеран.

Од кинеското Министерство за одбрана соопштија дека на вежбите ќе го испрати Синин, бродот разурнувач, вооружен со наведувачки рекети, но не соопштија со колку персонал и бродови земјата ќе учествува на вежбите.

Портпаролот на Иранските вооружени сили, Аболдази Шекарчи соопшти дека вежбите ќе ја стабилизираат безбедноста во регионот. Тој рече дека целта на вежбата е да се зајакне меѓународната безбедност во регионот во делот на трговијата и борбата против тероризмот и пиратството.

Вежбите доаѓаат во време на тензии меѓу САД и Иран, кои особено се засилија откако САД се повлече од нуклеарниот договор со Техеран.

Вашингтон предложи да се одржи поморска вежба во Заливот, која ќе биде предводена од САД, по низата напади во тие води, за кои САД и сојузниците обвинуваат дека е виновен Иран. Техеран пак ги негира обвинувањата.

XS
SM
MD
LG