Достапни линкови

Мустафа заминува во опозиција доколку не постигне договор со Курти


Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа.

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа изјави дека ЛДК ќе му отстапи едно министерско место на идниот партнер во владата, Движењето Самоопределување (ВВ), тогаш кога таа партија ќе му даде поддршка за претседател на државата, во април 2021, кога му истекува мандатот на актуелниот претседател Хашим Тачи. По состанокот на Претседателството на ЛДК, Мустафа пред новинарите изјави дека ЛДК останува посветен на постигнувањето договор со партијата на Албин Курти, но додаде дека доколку не се оствари тоа, ЛДК е подготвен да се откаже од сите барања и да замине во опозиција.

На изборите кои се одржаа на 6 октомври победи Движењето Самоопределување (ВВ) на Албин Курти, а второпласирана е партијата Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа.

XS
SM
MD
LG