Достапни линкови

Музички инструменти за училницата за проби во СУГС „Никола Карев“


Пробувалната во СУГС „Никола Карев“

Гимназијата „Никола Карев“ денеска ги промовираше училницата за проби и новите музички инструменти наменети за наставни активности, кои ќе бидат достапни и за младите кои не се ученици на ова средно училиште.

Музичките инструменти се купени во рамки на проект финансиран од Програмата за финансирање програми и проекти на млади на Град Скопје за 2019 година, а реализиран од Центарот за креативно живеење парк и Арт хаус Карев.

„Кај овој проект многу ни се допадна што користи веќе постоен јавен простор, дел од средно училиште на Град Скопје, ја надградува неговата намена и го отвора за користење за сите млади. Веќе неколку години гледаме како оваа гимназија се повеќе прераснува и во културен центар, па и не случајно беше дел од „Бела ноќ“ во 2018 година, а познати се и други соработки со институциите од културата за кои е надлежен Градот“, рече портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

Денешната промоција беше збогатена со заеднички настап на младите музичари од Арт хаус Карев со нивни поискусни колеги.

Многубројни „каревци“ свират во познатите бендови Визија, Pluto’s Doubts, Астероид, Culture Development, Black and Vice Social Club, 101, Freak Unique, Black Pool и други.

XS
SM
MD
LG