Достапни линкови

Талибанците ги ослободија киднапираните мировни активисти


Активистите од Народното движење за мир. .

Ослободени се 27-те авганистански мировни активисти, кои беа киднапирани од талибанците, соопштија тамошните власти. Талибанцити 45 часа ги држеа во заробеништво aктивистите од Народното движење за мир.

Активистите беа киднапирани во областа Бала Булук во провинцијата Фарах. Тие патуваат низ земјата и одржуваат митинзи на кои шират пораки за мир и ги повикуваат сите страни во конфликтот во Авганистан да се договорат за прекин на огнот.

Групата соопшти дека ова е четврти пат како милитантната група киднапира нивни активисти.

XS
SM
MD
LG