Достапни линкови

ДУИ - Состојбите во судската власт се алармантни


Али Ахмети.

Демократската унија за интеграција констатира алармантна состојба во третата власт. Делегатите на четвртиот изборен Конгрес на партијата констатирале селективна правда, која, како што се наведува во соопштението од ДУИ е инспирирана од политиката, применета од обвинители и спроведена од судии со предрасуди од претходни системи, со застарени убедувања и коруптивни склоности.

Делегатите го поддржуваат предлогот за ветинг, што подразбира двојна проверка на секој член на Демократската унија за интеграција и на секоја друга партија, кој што е носител на јавна функција, секој политичар, обвинител и судија во земјата, бидејќи интегритетот на поединецот и на институцијата со која раководи се основа за здраво општество, се наведува во соопштението.

Делегатите од Конгресот се на став дека медиумите треба да се слободни од политичкиот притисок, меѓутоа и да се дистанцираат од политичките партии и целните групи, без притоа да се стават на служба на кој било освен за правилно информирање и со интегритет, без лажни вести и пропаганда, стои во соопштението до ДУИ.

XS
SM
MD
LG