Достапни линкови

Се преврте брод со мигранти во Турција, седум загинати


Архивска фотографија

Најмалку седум луѓе загинаа денеска откако мал брод со мигранти од Пакистан, Бангладеш и Авганистан се преврте и потона во езерото Ван, во источна Турција.

Гувернерот на турската провинција Битлис изјави дека се спасени 64 луѓе и се пренесени во болница.

Бротчето потонало додека се приближувало кон северниот брег на езерото. Несреќата се случила три часа по полноќ по локално време.

XS
SM
MD
LG