Достапни линкови

Навални: руските власти ми го киднапираа соработникот


активистот Руслан Шавединов

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални ги обвини властите на Русија дека му го киднапирале неговиот соработник, активистот Руслан Шавединов и го испратиле на служење на воен рок во една база во регионот на Северниот пол. Шавединов во понеделникот бил уапсен во неговиот дом во Москва и со авион бил префрлен на архипелагот Нова земја на Арктичкиот океан, одалечен 5.600 километри од Москва. Според Навални - најголемиот противник на рускиот претседател Владимир Путин, Шавединов бил ослободен од воен рок кој во Русија е задолжителен за мажи од 18 до 27 години и е 12 месеци.

XS
SM
MD
LG