Достапни линкови

Русија упати критика до генералниот секретар на ОН


Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова

Руското министерство за надворешни работи го обвини генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш дека не реагирал за одложувањето на издавањето на визи на руските владини претставници кои требало да отпатуваат во седиштето на организацијата во Њујорк. Москва тврди дека Вашингтон намерно го одложил издавањето на визи што може да влијае на натамошно заладување на односите меѓу двете земји.

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова изјави дека вработени во министерството за одбрана чекале со месеци за дозвола за виза. Според неа, очигледно е оти Гутереш ефикасно ги игнорира прекршувањата на САД на повелбата на ОН.



XS
SM
MD
LG