Достапни линкови

Османи тврди дека Законот за јазици нема да се ревидира


Вицепремиерот Бујар Османи

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека Законот за јазици нема да се ревидира. Според него, основната идеја на препораките на Венецијанската комисија е недостигот од капацитети во институциите за целосна имплементација на сите одредби на законот, односно да не влијае врз другите процеси, како на пример во судството за одложување на рочишта.

Тој порача и дека не смее да се дозволи Законот за јазици да ризикува некој друг важен процес во државата, особено правната држава. Венецијанската комисија ги повика властите да го преиспитаат законот преку консултации со сите засегнати страни.

XS
SM
MD
LG