Достапни линкови

Комшиќ го повика Вучиќ да не го „загрозува мирот на Балканот“


Претседавачот со Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ

Претседавачот со Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ денеска изјави дека усвојувањето на Стратегијата за одбрана и национална безбедност на Србија би значело нарушување на регионалниот мир и стабилност. Според него, усвојувањето на стратегијата би претставувало и вовед во нови тензии на просторот на Западен Балкан, бидејќи тоа би бил акт на отворено непријателство кон државата БиХ.

„Ако во Србија мислат да се откажат од Дејтонскиот мировен договор, нека го кажат тоа – ќе ни биде задоволство работите во БиХ поинаку да ги уредиме“, потенцира Комшиќ.

XS
SM
MD
LG