Достапни линкови

Османи за изјавата на Заев за изборите - Рано е за такви екстремни позиции


Вицепремиерот Бујар Османи

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи вели дека е оптимист дека ќе се надмине состојбата во Собранието и оти ќе нема потреба за одложување на изборите закажани за 12 април следната година. Тој ја коментираше изјавата на премиерот Зоран Заев, кој рече дека е можно да не поднесе оставка ако опозицијата ги кочи важните закони за граѓаните. Османи вели дека е рано да се разговара за такви екстремни позиции, бидејќи се уште се во фаза на координација меѓу политичките партии.

Претходно, Заев изјави дека тој не сака изборите да бидат одложени, но оти е можно за тоа да се разговара и тој да не поднесе оставка на функцијата, доколку опозицијата ги блокира процесите за донесување на законите во Собранието коишто, како што оцени, се од животно значење за граѓаните.

Претседателот Стево Пендаровски, синоќа изјави дека нема логика изборите да се одложат бидејќи тие се закажани само неколку месеци пред редовниот термин, како и тоа дека тоа би ги нарушило планирањата на бизнис заедницата.

Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека нема да ја прифатат коцкарската игра на Зоран Заев и нема да прифатат уцени.

XS
SM
MD
LG