Достапни линкови

Украина со нова истрага против кримскиот мост


Украинските власти денеска отворија кривична истрага за патничкиот воз кој од Русија пристигна во Крим преку новиот мост. Украина тврди дека возот нелегално пренел луѓе преку украинската граница.

Претходно оваа недела рускиот претседател Владимир Путин го пушти во употреба железничкиот сообраќај преку мостот кој ја поврзува Русија со Крим, анектираниот полуостровот од Украина во 2014 година. Возот пристигна во Севастопол од Санкт Петербург. Анексијата на Крим наиде на меѓународна осуда.

Украинската влада во неколку наврати соопшти дека новиот мост е изграден спротивно на меѓународните закони. Во октомври 2018 година, обвинителите отворија кривично дело против компаниите вклучени во негова изградба.

XS
SM
MD
LG