Достапни линкови

Повторно исклучување на интернет во Иран пред протести


Иранските власти денеска го блокираа пристапот преку мобилен интернет до прекуокеански сајтови во неколку провинции, на еден пред одржување на најавените протести. Исклучувањето е нарачано од „безбедносните власти“, објави иранската полу-официјална новинска агенција ИЛНА, цитирајќи извор во Министерството за комуникации и информатичка технологија.

Најави за нови протести се појавија на социјалните мрежи, откако роднини на дел од убиените луѓе во ноемвриските немири повикаа на протести и комеморација за загинатите. Во Иран во ноември луѓето излегоа на улиците во знак на протест против зголемувањето на цената на бензинот. Амнести Интернешнл соопшти дека најмалку 304 луѓе загинале за време на протестите. Во ноември во целата земја немаше пристап до интернет за да не се прикажуваат слики и видеа со сцени од насилства.

Иранските власти обвинија дека зад протестите стојат насилници кои се поврзани со непријателите на земјата од странство.

XS
SM
MD
LG