Достапни линкови

Дисциплинска мерка против директорката на МНТ за случајот со „Шверцерите“


Навивачката група Шверцери во МНТ

Мора да има санкции за одредени непроцедурални постапувања во врска со штетите направени за време на прославата на јубилејот на навивачката група „Шверцери“ на 23 ноември во Македонскиот народен театар, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Тој рече дека министерот за култура ќе поведе дисциплинска мерка против директорката, која имала само усна комуникацијата со организаторите на настанот.

Во врска со тоа до каде е санкционирањето на тие што ја направиле штета, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека полицијата си ја завршила работа, односно ги констатирале состојбите, меѓутоа материјалната штета ја утврдува институцијата каде се одржал настанот.

„Веројатно по утврдување на таа материјална штета ќе се поведат постапки или спогодбено, односно договорно, ќе се надомести таа штета или ќе си поведат граѓанска постапка за надомест на штета“, додаде Спасовски.

Заев и Спасовски денеска присуствуваа на почеток на градба на нов објект во кругот на МВР.

Пред речиси еден месец премиерот Заев одговарајќи на пратенички прашања рече дека штетата која ја направиле симпатизерите на фудбалскиот клуб Шкупи е 3.965 евра.

XS
SM
MD
LG