Достапни линкови

Талибанците киднапирале активисти за мир во Авганистан


Aктивисти од авганистанското Народното движење за мир

Дваесет и седум активисти од авганистанското Народно движење за мир биле киднапирани од талибанците за време на мировниот марш во западниот дел на Авганистан, соопштија денеска водачите на групата и локалните власти. Водачот на движењето рече дека активистите биле киднапирани во областа Бала Булук во провинцијата Фарах. И од полицијата го потврдија инцидентот. Засега нема коментар од талибанците.

Активистите патуваат низ земјата со цел да шират пораки за мир и ги повикуваат сите страни во конфликтот во Авганистан да се договорат за прекин на огнот, се вели во соопштението на групата.

Групата соопшти дека ова е четврти пат милитантите да киднапираат нивни активисти. Годинава во јуни исто така беа киднапирани 25 мировни активисти од страна на талибанците. Тие беа ослободени неколку дена подоцна.

Народното движење за мир го привлече меѓународното внимание минатата година со нивните мировни маршеви низ Авганистан на кои предупредуваат за рекордното ниво на насилство низ целата земја.

XS
SM
MD
LG