Достапни линкови

Вашингтон ќе ги повлече своите трупи од западна Африка


Соединетите држави планираат значително да го намалат своето воено присуство во Западна Африка, дури и да ги повлечат своите антитерористички трупи од областа, објави Њујорк Тајмс, повикувајќи се на американски официјални лица.

Според весникот, за ова прашање се расправа во Министерството за одбрана на САД во рамките на општите планови за прераспределба на американските трупи и нема да биде донесена одлука пред јануари.

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер сака да направи измени во распоредувањето на американските трупи ширум светот, да се повлече од мисијата за борба против тероризмот за подобро да се фокусира на неговите два приоритета, Кина и Русија.

Првата фаза од ова намалување на надворешните операции се донесува на Африка, каде САД имаат меѓу 6.000 и 7.000 војници на западниот дел на континентот, но и на истокот, особено во Сомалија.

Повлекувањето на Американците од Западна Африка би претставувалтежок удар за француските трупи кои се борат против екстремистите во Мали, Нигер и Буркина Фасо. Поддршката на Вашингтон за тие операции, особено во разузнавачката и логистичката, го чини Пентагон околу 45 милиони долари секоја година, додава весникот.

XS
SM
MD
LG