Достапни линкови

Лустрацијата се поништува


Протест на новинарите пред Комисијата за лустрација во Скопје, архивска фотографија

Владата на денешната седница го усвои предложеното законско решение на Министерството за правда со кое одлуките од лустрацијата и правните последици ќе станат ништовни. Станува збор за Предлог–закон за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација.

Министерството за правда соопшти дека по сила на овој закон во целост стануваат ништовни сите правни акти, дејствија и мерки донесени односно преземени од Комисијата за верификација на фактите и други надлежни органи.

„Оштетените лица од донесени акти и одлуки на Комисијата за верификација на фактите и други надлежни органи или нивните наследници доколку тие се починати имаат право на надомест на штета со поднесување на тужба пред надлежен суд против Република Северна Македонија, согласно одредбите од Законот за облигационите односи, во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на овој закон“, пишува во соопштението од ресорното министерство.

XS
SM
MD
LG