Достапни линкови

Трамп најави набрзо потпишување на трговскиот договор со Кина


Доналд Трамп изјави и Си Џинпинг

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој и кинескиот претседател Си Џинпинг наскоро ќе одржат церемонија за потпишување на првата фаза од трговскиот договор САД-Кина, за што се согласија на почетокот од овој месец.

"Да, кога конечно ќе се собереме, ќе имаме забрзана церемонија затоа што сакаме да го завршиме ова. Постигнат е договор, тој е само во процес на превод", рече Трамп.

Американскиот трговски претставник Роберт Лајдизер на 13-ти декември изјави дека претставниците од обете страни ќе ја потпишат првата фаза од трговскиот договор во првата недела од јануари.

Од Пекинг сè уште нема потврда за поединечните компоненти на договорот што го објавија Соединетите држави. Портпаролот на кинеското Министерство за трговија минатата недела соопшти дека деталите за договорот ќе бидат познати за јавноста само откако тој ќе биде официјално потпишан. Трговските разговори меѓу САД и Кина пропаднаа на почетокот на мај, кога Трамп го обвини Пекинг дека направил целосен пресврт околу заложбите за промена на законите со кои би се вовеле сеопфатни економски и трговски реформи.

XS
SM
MD
LG