Достапни линкови

Русија го продолжи притворот за поранешниот американски маринец обвинет за шпионажа


Пол Вилан во притвор.

Судот во Москва денеска го продолжи притворот на поранешниот американски маринец Пол Вилан за уште три месеци. Тој останува во притвор до 29 март, по обвинение за шпионажа.

Пресудата на судот доаѓа еден ден откако еден висок американски дипломат апелираше до руските власти да го ослободат Вилан. Заменик шефот на американската мисија Барт Горман, по посетата на Вилен во притворот, рече дека нема докази и нема криминал во неговиот случај.

Валан кој има британско, американско, канадско и ирско државјанство беше уапсен на 28 декември минатата година од страна на руската федерална служба за безбедност во хотел во Москва. Руските власти тврдат дека го уапсиле со компјутерски екстерен диск на кој имало тајни податоци. Вилен пак тврди дека го наместиле и дека тој мислел дека на дискот кој му го дал познаник од Русија има слики од одмор. Тој вели дека 10 години бил пријател со службеник на руската Федерална служба за безбедност и дека тој му го оставил дискот при посетата во хотелската соба во која бил сместен Вилан.

XS
SM
MD
LG