Достапни линкови

Во руски воздушни напади во Сирија убиени најмалку осум луѓе


Градот Маарет ал Нуман

Најмалку осум луѓе, меѓу кои и пет деца, загинаа во воздушните напади од страна на руските сили во северозападна Сирија. За време на воздушните напади било погодено засолниште на раселени цивили во село во провинцијата Идлиб, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Руските сили му пружаат поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад. Сириските владини сили со руска поддршка од воздух минатата недела започнаа нова офанзива против последното бунтовничко упориште во земјата, што предизвика многу цивили да се селат кон побезбедни области во близина на турската граница.

Сириските трупи сега се наоѓаат на помалку од четири километри до градот Маарет ал Нуман, кој се наоѓа во рацете на бунтовниците, јави денеска новинската агенција АФП. Градот се наоѓа на клучниот автопат што го поврзува главниот град Дамаск, со најголемиот град во Сирија, Алепо. Бунтовниците го затворија автопатот во 2012, а сега владините сили сакаат повторно да го отворат.

XS
SM
MD
LG