Достапни линкови

Заев - Можно одложување на изборите ако не се донесат битните закони


Премиерот Зоран Заев.

Изборите може и да се одложат, доколку во Собранието не се донесат суштинските закони кои се значајни за животот на граѓаните, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Тој вели дека сепак не го посакува тоа.

„Сто пати сум кажал досега дека изборите не треба да се одложуваат, но истовремено должност пред се граѓанска и политичка е да не дозволиме било што да ја закочи реализацијата на она што значи интерес на граѓаните“, рече денеска Заев на прес-конференција во Владата, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со 120-те закони што се на дневен ред на собраниската седница.

Тој апелираше до парламентарното мнозинство да биде во собраниските клупи за навремено да се донесат суштинските закони.

XS
SM
MD
LG