Достапни линкови

Заврши распитот на Јовановски за „Рекет 2“


Архивска фотографија- Бојан Јовановски - Боки 13 на распит во Обвинителство

Бојан Јовановски, осомничен во случајот познат во јавноста како „Рекет 2“ по часови давање исказ во Обвинителството за организиран криминал и корупција доби решение за завршена истрага.Јовановски денеска и во петокот даваше исказ за предметот поврзан со невладината организација Меѓународен сојуз чиј претседател е тој. Неговиот адвокатот Сашо Дукоски рече дека изјавата на Јовановски била доста детална и дека била кажана „целата вистина“. Досега исказ во случајот со Меѓународен сојуз дадоа пратеничката од СДСМ и потпретседателка на Собранието Фросина Ременски, таткото на Бојан, Миле Јовановски, асистентката Христина Блажевска и потпретседателката на сојузот Јасна Мандиќ. Преку таа невладина организација тие се сомничат дека од бизнисменот Силјан Мицевски наплатиле 720 илјади евра, а од Адријан Амзоски 230 илјади евра со измама дека ќе обезбедат државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенции од државата. Сега обвинителството треба да одлучи дали ќе поднесе обвинение или ќе ја запре постапката.

XS
SM
MD
LG