Достапни линкови

Почна седницата на Советот за безбедност, тема и аерозагадувањето


Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски доцна попладнево се одржува втората седница на Советот за безбедност откако тој е шеф на државата. На неа на две одделни сесии ќе се расправа за тековни прашања поврзани со безбедноста и одбраната на државата, како и за проблемот со аерозагадувањето.

На првиот дел од седницата за прашања поврзани со безбедноста и одбраната, покрај членовите на советот, присуствуваат и директорите на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, на Агенција за разузнавање, Еролд Муслиу, и на Оперативно-техничката агенција Зоран Ангеловски, како и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, началник на Генералштабот на Армијата.

Како што најави претходно Кабинетот на претседателот на дебатата за аерозагадувањето покрај членовите на советот ќе учествуваат и тројца претставници на здружените граѓански иницијативи и организации, Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање, неговиот заменик Јани Макрадули, како и Фејзула Спахија, директор на Државниот инспекторат за животна средина.

XS
SM
MD
LG