Достапни линкови

Собрание- пратениците четири часа не може да се согласат за дневниот ред


Архивска фотографија- собраниска седница

Пратениците и по речиси четири часа не можат да го усвојат дневниот ред за денешната 126. седница на која се ставени 124 точки. Во почетокот на седницата беа образложени предлог-законите кои треба да се донесат по скратена постапка, а потоа претседателот на Собранието Талат Џафери ги прочита сите предлог-закони предвидени за дискусија. Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ пред усвојувањето на дневниот ред побара како втора точка да се стави Информацијата за енормното загадување на воздухот во земјава, поднесено од неговата пратеничка група. Иако беше ставен на гласање, овој предлог не помина. Оценка на ВМРО-ДПМНЕ е дека владејачкото мнозинство сака на само една седница да сработи нешто што не успеало во претходните две години од мандатот.

XS
SM
MD
LG