Достапни линкови

Апелација ги укина пресудите за Мијалков, Тачи и членови на ДИК


Архивска фотографија -Сашо Мијалков во суд

Апелациониот суд Скопје ги укина пресудите против Сашо Мијалков, Мендух Тачи и поранешни членови на Државната изборна комисија од ВМРО-ДПМНЕ и случајот „Титаник 2“ го враќа на повторно судење.

Апелациониот суд Скопје, донесе одлука со која ги уважи жалбите на обвинетите во случајот познат како „Титаник 2“, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, стои во соопштението од Апелација.

Случајот Титаник 2 се однесува на договорено гласање во ДИК за приговор за локалните избори во Струмица во 2013.

Во Титаник 2 годинава Кривичниот суд ги осуди поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков на три години затвор, лидерот на ДПА, Мендух Тачи на три години и два месеци затвор, поранешниот член на Државната изборна комисија Бедредин Ибраими доби четири години затвор, а неговите колеги Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска на три години затвор.

Апелациониот суд Скопје, до крајот на неделата ќе објави детално соопштение во врска со предметот познат во јавноста како „Титаник 2“.

Апелациониот суд констатирал дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил бројни суштествени повреди на постапката од апсолутен карактер, поради кои одлуката е во целост незаконита и неправилна. Судот одлучил определените мерки на претпазливот изречени кон обвинетите да останат во сила.

XS
SM
MD
LG