Достапни линкови

Статистика - Околу 455 илјади луѓе се сиромашни


Стапката на сиромашни луѓе во земјата лани изнесувала 21,9 отсто или околу 455 илјади граѓани, што претставува намалување во однос на 2017 година кога таа изнесувала 22,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2018 година е 22,0 отсто. Стапкатата на сиромашни вработени лица е 8,8 отсто, додека стапката на сиромашни пензионери е 7,9 отсто.

Според ДЗС, Gini коефициентот, мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите, изнесува 31,9 отсто.

XS
SM
MD
LG