Достапни линкови

Грција, Кипар и Израел со спогодба за гасовод


грчкиот премиер Киријакос Мицотакис

Лидерите на Грција, Кипар и Израел планираат да потпишат спогодба за изградба на гасовод во источен Медитеран, соопшти кабинетот на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Спогодбата ќе биде потпишана на 2 јануари во Атина. Планирано е гасоводот да оди низ Средоземно море, од изралеските резерви на гас, до грчкиот остров Крит и грчкото копно, а потоа до Италија. Кипар, Грција и Израел годинава веќе потпишаа спогодба за гасоводот долг 1.900 километри во присуство на американскиот државен секретар Мајк Помпео. Се очекува овој гасовод да задоволи околу 10 насто од потребите на ЕУ за природен гас, со што ќе биде намалена енергетската зависност од Русија.

XS
SM
MD
LG