Достапни линкови

Собранието го донесе Буџетот за 2020 година


Собрание на Република Северна Македонија

Собранието го донесе Буџетот за 2020 година на 125-тата собраниска седница, откако 65 пратеници гласаа „за“, 23 против и без воздржини. Исто така пратениците го донесоа и Закаонот за извршување на Буџетот за следната година.

Ова беше петти ден расправа по Дополнетиот-предлог буџет за 2020 година. Ставот на опозицијата беше дека буџетот е неразвоен и претставува предизборно купување на граѓаните, додека ставот на претставниците на владејачкото мнозинство е дека тој е во согласност со растот на домашната економија.

Претходно, во десетдневната амандманска расправа за Буџетот во матичната комисија за финасирање и буџет, беа усвоени 12 амандмани кои станаа составен дел на Буџетот.

Буџетот за 2020 година е проектиран е да биде највисок досега и да изнесува 3,9 милијарди евра, со планирани приходи од 3,6 милијарди евра, а расходи од 3,9 милијарди евра. Капиталните инвестиции се проектирани на ниво од 23,6 милијарди денари, со предвиден економски раст од 3,8 проценти, а инфлацијата да се држи на ниско ниво од 1,7 отсто. Буџетскиот дефицит е предвиден на ново од 2,3 отсто, односно изнесува 17 милијарди и 385 милиони денари.

Во изминатиот период претаставниците на власта претставувајќи го Буџетот за 2020 година, наведуваа дека во неговиот фокус за наредната година е човечкиот капитал.

Министерката за финансии Нина Ангеловска изјави дека новиот Баџет е насочен кон обезбедување на подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор, поддршка на домашната економија, продолжување на инфраструктурните проекти и поттикнубањење на нови инвестиции и работни места

XS
SM
MD
LG