Достапни линкови

Мета:„Шизофрениот конфликт“ меѓу власта и опозицијата ги исели младите од Албанија


Албанскиот претседател Илир Мета го смета за „шизофрен конфликт“ континуираниот судир меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата што според него влијаело во масовното заминување на албанските граѓани од земјата. Тој во интервју за Топ Чанел изјавил дека неговата најголема грижа е депопулацијата.

Според Мета, најновите бројки покажуваат дека бројот на албанските граѓани, кои ја напуштиле земјата, бележи раст од 16 отсто споредено со лани, со тенденција на зголемување.

Во врска со пакетот закони за спречување клевета, кој предвидува високи казни за онлајн медиумите и дополнителни овластувања за државните надзорни агенции, што и покрај противењето на новинарите пратениците од владеачкото мнозинство го усвоија вчера на пленарна седница, изјави дека допрва ќе го разгледува, па потоа ќе одлучи дали ќе го потпише или врати во Собранието.

За иницијатвата „Мини Шенген“ изјави дека секогаш се залагал повеќе „за регионални иницијативи кои даваат резултати отколку дебати“.

XS
SM
MD
LG