Достапни линкови

СДСМ контра Џафери, закажа дебата за изборниот законик


Александар Кирацовски во Собрание

СДСМ најави дека в среда ќе одржи јавна дебата за изборниот законик надвор од собраниската седница, откако претседателот на Собранието Талат Џафери вчера во изјава за медиумите посочи дека деловнички нема време за таква дебата. Претседателот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците Александар Кирацовски изјави дека за локацијата каде ќе се одржи дебата дополнително ќе ја известат јавноста, ако треба и во собранискиот хол ќе ја одржат.

Дебатата ќе биде во насока на тоа дали треба да има шест или една изборна единица, дали треба да има отворени листи и еднаква родова застапеност на пратеничките листи и ќе можеме заедно пред амандманската расправа да ги согледаме сите аргументи за потребата од ова законско решение.

„Не знам поради кои причини претседателот на Собранието Талат Џафери на некој начин спречи јавна дебата или расправа по однос на ова предлог законско решение кое е исклучително битно за развојот на деомократијата. И таквиот негов чин, иако е мој колега и почитуван, го сметам за недемократски, но мислам дека заедно ќе успееме да изнајдеме можност ова законско решение да допре до граѓаните, изјави Кирацовски.

Тој појасни дека ако претседателот на Собарнието Џафери дозволи, дебатата ќе се одржи во Собранието, во собраниската сала „Борис Трајковски“. Ако не дозволи, ќе ја организираат во холот на Собранието, или на скалите, или некаде надвор во некоја конференциска сала, тоа, како што рече, е ирелевантно.

Измените во изборниот законик веќе подолг период ја брануваат владината коалиција откако владината ДУИ поднесе илјадници амандмани а над илјада поднесе и опозициската ВМРО ДПМНЕ. И двете партии остануваат на ставот дека не е време на неколку месеци пред избори да се прават овие измени а нивните пораки беа во насока дека амандманите не се поднесени за да бидат повлечени.

XS
SM
MD
LG