Достапни линкови

Курти - Договорот со Мустафа е можен и потребен


Иса Мустафа и Албин Курти

Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, кој се очекува да биде нов премиер на Косово откако неговата партија победи на октомвриските парламентарни избори, смета дека договорот за заедничка влада со Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), како второрангирана партија на изборите, е „можен и потребен“.
Курти денеска рече дека сигурно ќе ги продолжи средбите со лидерот на ЛДК Иса Мустафа, затоа што граѓаните очекуваат тие две партии да се договорат за идната влада.

Двете партии, кои досега беа во опозиција ги започнаа преговорите за формирање на новата влада веднаш по изборите на 6 октомври, на кои победи ВВ со 26,27 отсто, а втор беше ЛДК со 24,54 отсто освоени гласови.

До застој во преговорите меѓу нив дојде откако ЛДК истапи со барање да ја преземе функцијата претседател на државата, откако во април 2021 година ќе му заврши мандатот на актуелниот претседател Хашим Тачи.

Конститутивната седница на новото, седмо по ред, Собрание на Косово по војната во 1998-99 година, е закажана за идниот четврток, 26 декември.

XS
SM
MD
LG