Достапни линкови

Судски совет бара судовите да достават податоци за стари и нерешени предмети


Основен суд Скопје 2

Судски совет во допис до претседателите на судовите бара од нив во рок од една недела да му достават податоци за бројот на стари нерешени предмети и застарени случаи.

Во соопштението потпишано од претседателот на Судскиот совет Киро Здравев, се наведува дека во интерес на враќање на довербата на граѓаните во судската власт, од судовите се бара и
какви мерки се преземени за решавање на старите предмети. Судовите податоците треба да ги достават до 27 декември годинава.

XS
SM
MD
LG