Достапни линкови

Напаѓачот во Москва бил љубител на оружје


Руски специјалци пред зградата на ФСБ

Еден полицаец и напаѓачот се убиени, а пет луѓе се повредени во синоќешната престрелката пред седиштето на Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) во центарот на Москва. Повредени се четворица припадници на руската служба и еден цивил, соопштија властите. Напаѓачот кој пукал кон полицајците е убиен. Тој претходно уби еден полицаец и повреди пет луѓе, велат властите. Тие не го идентификуваат напаѓачот, но локалните медиуми велат дека станува збор за жител на московскиот регион, чие хоби биле пушки и стрелање. Засега не се знаат ниту мотивите за нападот.

ФСБ е наследничка на КГБ од времето на Советскиот Сојуз.

XS
SM
MD
LG