Достапни линкови

Јапонија се обидува да посредува меѓу Иран и САД


Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани е во посета на Јапонија. Токио се обидува да посредува меѓу Иран и Соединетите Американски Држави во услови на зголемени тензии меѓу двете земји.

Рохани е првиот ирански лидер кој ја посетил Јапонија во последните речиси две децении. Претходно годинава јапонскиот премиер Шинзо Абе го посети Иран, што беше прва посета на јапонски лидер во последните 40 години.

Јапонија вложува дипломатски напори да ги олесни тензиите меѓу Иран и САД и да ја стабилизира ситуацијата на Блискиот исток, се наведува во соопштението на јапонското Министерство за надворешни работи.

Портпаролот на иранската влада, Али Рабиеи, изјави дека јапонските власти пренесуваат пораки или иницијативи, што иранската страна ги поздравува и сериозно ги испитува. Но, тој рече дека патувањето на Рохани во Токио нема никаква врска со прашања, како што се преговори со Америка.

Тензиите меѓу Иран и Соединетите Држави се зголемија откако американскиот претседател Доналд Трамп го повлече Вашингтон од нуклеарниот договор, кој во 2015 година го потпишаа Техеран и светските сили, по што САД ги врати санкциите за Иран.

XS
SM
MD
LG