Достапни линкови

Русија- неутрализиран пукачот кај ФСБ


Москва- вооружен руски полицаец пред седиштето на ФСБ, 19.12.2019

Руската федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека го „неутрализирале“ неидентификуваниот пукач кој денеска отвори оган во близина на нивното седиште во Москва и потврди дека има жртви без да прецизира колку. Руските агенциите кои го пренесуваат соопштението на службата наведуваат и дека се утврдува идентитетот на напаѓачот. Засега нејасно е дали тој е убиен или притворен.

Портпаролот на руското министерство за здравство наведува дека двајца службеници на ФСБ се здобиле со сериозни повреди. Весникот Известиа,пак, јавува за тројца загинати, а друг руски весник РБЦ, цитирајќи извори од московската полиција наведува дека едно лице го изгубило животот во инцидентот.

Нападот доаѓа ден пред прославата на Денот на безбедносните служби на Русија кој се одбележува утре. Телевизијата РТ јавува дека руските безбедносни служби го карактеризирале нападот како акт на тероризам. ФСБ е главниот наследник на советската агенција КГБ.

XS
SM
MD
LG