Достапни линкови

Пленковиќ: Имаме амбиција да се почнат преговори со Северна Македонија и Албанија


Архивска фотографија- хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ

На самитот во Загреб имаме амбиција и јасна цел – да се почнат преговори со Северна Македонија и со Албанија пред мај. Ова го нагласи денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Според него, искуството на Хрватска зборува дека кога се преговара не се гледа веднаш следниот чекор – економско управување, што, забележува тој, во моментов не е доволно видливо во преговорите за пристапување.

Хрватскиот премиер потенцира дека од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Загреб следниот мај има желба за испраќање на две важни пораки – да се направат состаноците на самитот да бидат „системски“ и да се направи се што е во методологијата за пристапување во Унијата за да таа биде појасна и со поголем поттик за земјите-кандидатки.

XS
SM
MD
LG