Достапни линкови

Пукање во близина на ФСБ во Москва


Архивска фотографија- руската Федерална служба за безбедност во Москва во чија близина се случило пукањето

Непознат човек пукал од пушка Калашников денеска во близина на Федерална служба за безбедност во Москва, јавуваат руските медиуми. Пукањето се случило на паркинг, а полицијата направила кордон на местото на настанот. Засега има збунувачки извештаи за бројот на жртвите. Весникот Известиа јавува за тројца загинати, а друг руски весник РБЦ, цитирајќи извори од московската полиција наведува дека едно лице го изгубило животот во инцидентот. Според Маш и База, руски интернет медиуми, еден вработен во Федералната служба е повреден во пукањето. Маш истото така јавува и дека се спроведува специјална операција во главниот град на Русија.

XS
SM
MD
LG