Достапни линкови

Заев во Тирана за „Мал Шенген“


Архивска фотографија- Средба на Зоран Заев, Еди Рама и Александар Вучиќ во Охрид

Премиерот Зоран Заев утре и задутре ќе учествува на состанокот на лидерите од Западен Балкан, кој ќе се одржи во Тирана, Албанија. Состанокот е во рамки на иницијативата „Мал Шенген“, а домаќин ќе биде албанскиот премиер Еди Рама.

Иницијативата чија цел е интензивирање на регионална соработка и подобрување на животот на граѓаните е продолжение на средбите од Нови Сад и Охрид на кои учествуваа Заев, Рама и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

На трилатералната средба минатиот месец во Охрид беше усвоена Декларација со која се предвидува минување на границите само со лична карта, брзи ленти за камионите и меѓусебно признавање на дипломите, придружена со Акциски план од десетина мерки за нејзино спроведување. Албанскиот премиер Рама од Охрид тогаш најави и дека на следната средба се очекува да присуствува и новиот висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

XS
SM
MD
LG